Европејците сакаат да испратат роботи рудари на Месечината

- Advertisement -

Европската вселенска агенција (ESA) планира да почне да рудари на Месечината до 2025 година. Со таа цела ESA потпиша договор со производителот на ракети Arianа, кој би требало да проучи и да ја подготви мисијата за вадење реголит, односно Месечеви камења.

Реголитот ја прекрива целата површина на Месечината до длабочина од најмалку 3,5 метри и може да се преработи за да се добие кислород, вода и потребното гориво. Многу вселенски агенции веруваат дека рударењето на Месечината е клучно за воспоставување на постојани лунарни бази или колонии.

- Advertisement -

Употребата на вселенски ресурси може да биде клуч за одржување на лунарните истражувања и оваа студија е дел од сеопфатниот план на ESA да ја направи Европа партнер во тие истражувања. ArianeGroup, европскиот конзорциум за вселенски истражувања и развој на ракети, објави дека во мисијата нема да биде вклучено испраќање луѓе на Месечината, туку роботска опрема.

Годинава одбележуваме 50 години од првите направени чекори на Месечината и ArianeGroup ќе ги поддржува сите постојни и идни европски проекти за Европа да има независен и суверен пристап до вселената.

Сподели!
- Advertisement -