Amazon го претстави роботот Scout кој ќе ги доставува пратките

- Advertisement -

Amazon со години експериментира со различни начини на достава на производите кои корисниците ги купуваат преку нивната страница. Пред неколку години Џеф Безос ја најави Prime Air, услугата за достава со дронови, а иако пробните летови и достават одамна се направени, , прашање е кога ќе можеме да го очекуваме официјалниот почеток на доставата до беспилотни летала.

Освен со дронови, Amazon на корисниците сака да им доставува и производи во багажници, но и дома кога сопствениците нема да се тука. Крадењето пакети оставени пред вратите на куќите е голем проблем во САД, па Безос се обидува да пронајде начин за што побезбедна достава и избегнување на оставањето на пакетите пред врата затоа што се лесна мета за крадци.

- Advertisement -

Еден од начините на кои купувачите наскоро може да ги добиваат пратките е со автономни возила, односно со роботот наречен Scout. Amazon моментално тестира само шест вакви уреди на подрачјето на државата Вашингтон во Снохомш Каунти. На почетокот роботите до адресата на купувачите ќе ги следат вработени во Amazon за да се осигураат дека роботот нема да удри некого или дека нема некој да го удри роботот и да го украде пакетот.

Scout има електричен мотор, 6 тркала и се движи со брзина на човечки од, а потсетува на некои роботи кои веќе се тестираат во некои градови. Развојот на ваквите роботи и нивната автономија, односно навигацијата ја овозможуваат евтините сензори и напредокот на машинското учење. Во случај на потенцијални грешки, ризиците се многу помали во однос на автономните автомобили, чија грешка може да биде смртоносна. .

Сподели!
- Advertisement -