6.7 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

Дваесет и осум компании донираат 1,5 милијарди долари за намалување на пластичниот отпад

Kabtel desktop

Алијансата за ставање крај на пластичниот отпад (AEPW), групација од 28 компании кои произведуваат пластика и потрошувачки стоки, минатата недела најавија дека издвојуваат 1,5 милијарди евра во текот на наредните пет години за да го намалат пластичниот отпад. Глобалните компании како Exxon Mobil, Dow DuPont, Procter & Gamble, Royal Dutch Shell и BASF се дел од AEPW.

Инвестицијата ќе се искористи за градење инфраструктура за собирање на пластичниот отпад во Азија и во Африка, за дизајнирање системи за менаџирање со отпад во градовите кои се блиску до реки преку кои отпадот стигнува до океаните, едуцирање на владите, чистење на високо загадени области и финансирање стартапи кои развиваат технологии за превенирање на пластичниот отпад.

Како што се зголемува пластичниот отпад, 8 милиони тони завршуваат во океаните секоја година и тоа резултира со забрана на некои пластични производи за еднократна употреба. Според AEPW, 90% од глобалното пластично загадување во океаните доаѓа од само 10 реки. Повеќе од половина од пластичниот отпад на копно кој завршува во океаните доаѓа од пет азиски земји: Кина, Индонезија, Филипините, Тајланд и Виетнам.

Портпарол на AEPW вели дека ниедна од најголемите кинески групации за пластика и хемиски производи не се дел од оваа алијанса, но се надеваат дека тоа ќе се промени во иднина. Додека најголем дел од членовите на алијансата се производители на пластика, има две компании кои произведуваат потрошувачка стока: Procter & Gamble and Henkel. Се очекува повеќе компании да се приклучат на групацијата во блиска иднина. Kraft Heinz, Nestle и Unilever веќе индивидуално се обврзаа за транзиција до 2025 година кон материјали кои се рециклираат, се реупотребливи или компостабилни.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •