Претприемачите се добро познати како воркохолици и многу често живеат преку својата работа, поминувајќи најмногу време работејќи, осмислувајќи нови стратегии и сонувајќи за идни успеси. Битно е да се биде страстен за својата работа и секој посветен претприемач знае дека за подобра иднина на својот бизнис мора да се прават жртви. Но, кога приватниот живот, здравјето и љубовниот живот патат бидејќи сте премногу фокусирани на работата, сето тоа станува нездраво. Потребно е да се пронајде баланс и малу да се смири воркохоликот во вас.
Еве четири совети како да го постигнете тоа.
Поставете граници
Една од најтешките работи кои мора да ги научи претприемачо е да каже не. Не е секоја прилика добра за вас и за работата, а поставувањето граници е клучно за да ги филтрирате оние прилики кои ви ја црпат енергијата и времето.
Испланирајте ги своите вечери и викенди однапред
Многу веројатно е секој ден да биде добро испланиран со задачи, проекти и состаноци. Претприемачите истото треба да го направат и со своите вечерни саати и викендите затоа што така ќе можат да поминуваат поголемо време со семејството и пријателите.
Испланирајте патување
Понекогаш не е доволно само да се остават мобилните уреди во некоја друга соба за да се тргнете од работата. Токму затоа добро е да испланирате патување, дури и некое кратко, за да си го смените секојдневието и да се фокусирате сами на себе. Некогаш треба само да седнете во авион и да отпатувате за да си ги наполните батериите.
Исклучете ги нотификациите на телефон врзани за работата
оодерните технологии на претприемачите денес им овозможуваат да работат кога било и каде било преку своите паметни телефони. За жал, тоа многу често значи дека имаат чувство како цело време да мора да се на располагање. Битно е да ги исклучите мобилните уреди или барем известувањата во своето слободно време затоа што времето кое го поминувате со семејството бес постојано гледање во телефонот сигурно ќе биде поквалитетно и подобро.