Nokia го подготвува најмоќниот смартфон досега – ќе има дури 5 задни камери

- Advertisement -

Гласините за најмоќниот телефон на Nokiа досега, Nokia 9, кружат на Интернет веќе подолго време, а се чини дека се ближи крајот на исчекувањето и за помалку од еден месец ќе биде претставена „деветката“. Компанијата веќе најави конференција која ќе се одржи во Барселона на Mobile World Congress, а иако не сакаат да кажат што подготвуваат, има се повеќе докази дека тоа ќе биде токму моделот 9 PureView.

Уште не крајот на минатата година на YouTube се појави видео за Nokiа 9 со дури 5 задни камери со Zeiss оптика, а кон крајот на минатата недела објавија и teaser фотографија на која се гледа задната страна на телефонот со неколку камери. Токму камерите ќе бидат најголемиот адут на телефонот – можеме да очекуваме класична камера, камера за зумирање, камера со голем агол и камера за снимање објекти со заматена позадина, а ќе биде интересно да се види за што ќе служи петтата камера.

- Advertisement -

Една од интересните опции на камерата ќе биде и можноста за дополнително фокусирање на објектите по фотографирањето, а моментално не е познато каква ќе биде камерата од предната страна. Со дизајнот на „деветката“ Nokia не ги следеше последните трендови во дизајнот на паметните телефони – нема хардверски зарез во екранот, нема дупчиња на дисплејот, а екранот не оди од раб до раб туку има мал простор над и под екранот. Дијагоналата веројатно ќе биде 5,99 инчи, а ќе има и сензор за отпечатоци.

Сподели!
- Advertisement -