Јужнокорејскиот џин Samsung ги објави своите нови планови врзани за зачувување на околината. Неговата намера е уште во првата половина на 2019 година ќе ја замени речиси целата пластика која се користи за пакување на производите со еколошки прифатливи материјали како биопластика и хартија, додека целата пластика која се користи ќе биде исклучиво рециклирана.
Покрај тоа, како што се намалуваат количините отпад од амбалажа, Ѕamsung ќе го смени и дизајнот па полначите, нанпример, ќе имаат мат површина за да не мора да се пакувани во пластична фолија при транспорт.
Што се однесува на користењето хартија, Ѕamsung планира да користи исклучиво одржливи материјали со сертификати, а целосната транзиција кон нови материјали планира да ја доврши до 2020 година.