Уметникот и иноватор Даан Розегарде од компанијата Studio Roosegaarde ги најави неговите нови креативни решенија за намалување на вселенскиот отпад. Главниот проект од неговиот амбициозен предлог е Shooting Stars, односно соработка меѓу Studio Roosegaarde и Европската вселенска агенција за повлекување на вселенскиот отпад низ атмосферата на Земјата за да се креира одржлива алтернатива на традиционалните огномети. Второто решение е истражување на друга употреба на вселенскиот отпад за изградба на 3Д печатени структури во идните вселенски наслеби.
Вселенскиот отпад вклучува природен отпад од астероиди, комети и метеориди, како и отпад создаден од човекот во форма на стари сателити и делови од ракети. Со цел да се реши проблемот со вселенскиот отпад, Studio Roosegaarde проценува дека имаоколу 8,1 милиони килограми вселенски отпад.
Тимот работеше со експерти од Европската вселенска агенција и со студенти за лансирањето на Space Waste Lab, односно повеќегодишната програма за заловување и рециклирање на отпадот и производство на одржливи производи.
Симпозиумот на Space Waste Lab се одржа во јануари и на него беа претставени двата предлози за елиминирање на моментално присутните 29.000 предмети вселенски отпад поголеми од 10 сантиметри. Иако Холандија е мала, сака да остави голем белег зад себе со нови иновации и креирање нови можности.