Ова е првата инвалидска количка во светот која се контролира со лицето. Количката Wheelie 7 прецизно ги идентификува изразите на лицето и во реално време се придвижува во зависност од фацијалната експресија која сте ја направиле.
Софтверот може да препознава движења на лицето од типот на: целосна насмевка, половична насмевка, збрчкан нос, испружен јазик, надувани образи итн. и потоа тие „команди“ ги користи за да се движи количката. Напред, назад, вртење лево или десно или стопирање – сето тоа се контролира со лицето.
Компанијата Hoobox Robotics, која ја произведува количката Wheelie 7, вели дека потребни се само 7 минути за нивниот софтвер да се инсталира на која било моторизирана нвалидска количка и не се потребни никакви сензори или обуки за користење. Нивната главна цел е да има дадат што поголема автономија на луѓето со инвалидитет.
Wheelie 7 моментално чини 300 долари месечно.
World’s first face-controlled wheelchair
This is the world’s first face-controlled wheelchair.
Posted by Startup Selfie on Четврток, 31 јануари 2019