Холандија сака да преземе компании од Велика Британија по излезот од ЕУ

- Advertisement -

Холандската влада преговара со 250 компании за селење на седиштата од Велика Британија во Холандија, пред земјата да излезе од ЕУ на 29-ти март

“Во 2019 година, неколку компании, меѓу кои Дискавери и Блумберг, соопштија дека планираат да инвестираат во Холандија поради Брегзит. Дополнително, Холандската агенција за странски инвестиции разговараше со повеќе од 250 странски компании кои размислуваат за започнување на операции во Холандија по Брегзит “, соопшти Министерството, наведувајќи дека повеќето се британски, но има и американски и азиски компании. Тоа се главно компании од финансискиот сектор, медиумите, маркетингот, како и компаниите кои работат во областа на здравството.

Оваа година неколку компании, меѓу кои се и ‘Дискавери’ и ‘Блумберг’, соопштија дека имаат намера да инвестираат во Холандија поради одлуката на земјата да излезе од Унијата.

- Advertisement -

Минатата година 43 компании го префрлиле своето седиште од Британија во Холандија, а со тоа и  1 920 работни места.

Сподели!
- Advertisement -