Дизајнерката и филмска продуцентка Анаб Џеин е првиот говорник на Spark.me 2019

- Advertisement -

Организаторскиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај и по прв пат ќе се одржи во аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, го најави името на орвиот говорник на Spark.me конференцијата – Анаб Џеин. Џеин е TED говорник, дизајнерка, филсмка продуцентка и соосновач на Superflux, светски призната компанија која со иновации од областа на дизајнот и технологијата се обидува да ни го приближи светот од иднината. 

Со комбинацијата од дизајн, технологија и филм Џеин настојува да ги натера луѓето критички да гледаат на светот, сликовито претставувајќи ги сите можни исходи на нашите одлуки. Таа има добиено признанија од компанијата Apple, УНЕСКО, од Светската организација за дизајн (World Design Organization) и од Innovate UK, додека нејзината работа била изложена во некои од најголемите галерии и музеи во светот како што е Музејот на модерна уметност во Њујорк (MoMA), Музејот Алберт и Викторија во Лондон, Галеријата на науки во Даблин и во Националниот музеј на Кина. 

Џеин е член на одборот на Broadway Cinema и на London School of Economics Media. Нејзиниот TED говор од 2017 година наречен „Зошто е битно да се обидеме заедно да замислиме различна иднина“ имаше повеќе од 1,6 милиони прегледи на Интернет.

- Advertisement -

Билетите за конференцијата Spark.me 2019 може да се купат на официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me. Цената на билетите изнесува 300 евра, но заинтересираните можат да купат билет по промотивна цена од 100 евра до 15 февруари. Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење во понуда се и студентски билети, кои се наменети за средношколци и студенти на редовни, последипломски или докторски студии кои се помлади од 27 години, чија цена изнесува само 50 евра. Во цената на билетите е вклучен пристап до сите предавања (25-26 мај), стартап натпревари (25-26 мај), ручек на база шведска маса за двата дена од конферецнијата, освежување за време на сите кафе паузи во текот на двата дена од конференцијата, како и коктел прием на 25 мај. Во цената не се вклучени трошоците за превоз и за сместување. Купените билети може да се пренесат на друго лице (“name change”), но платениот износ не може да се рефундира. 

Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај, се организира во аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, кој е еден од најголемите аудиториуми во Црна Гора. Ова е прв пат Spark.me да се одржува во Порто Монтенегро, срцето на наутичкиот туризам во Црна Гора и една од најексклузивните марини на јадранското приморје. Организатор на Spark.me e компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годипно. Spark.me им нуди прилика на учесниците за актуелните трендови на полето на маркетингот, технологијата и бизнисот учат од светски познати експерти и да остварат контакт со повеќе од 580 учесници од 28 држави од светот, меѓу кои има и лидери од бизнис светот, од светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење. 

- Advertisement -

За повеќе информации за Spark.me 2019 посетете го официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme, Twitter профилот www.twitter.com/sparkdotme и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

 

Сподели!
- Advertisement -