Toyota почнува да тестира сервис за наем на возила во Јапонија на период од три години, а посебно интересен момент е фактот дека компанијата ќе ги наградува возачите за безбедно и еколошко возење. Дел од експертите од автомобилската индустрија веруваат дека луѓето во иднина нема да купуваат автомобили, туку ќе ги изнајмуваат кога ќе им треба. Таквиот облик на сервис може да стане вообичаен со развојот на автономни возила – корисниците само ќе треба да повикаат автомобил преку апликација и компјутер ќе го довезе возилото на таа адреса. Ќе поминат уште години додека ваквите услуги станат вообичаени, а какви новитети на овој пазар можеме да очеекуваме во блиска иднина покажа Toyota.
Јапонската компанија го стартуваше сервисот Kinto со елементи на награди за возачите. Има две верзии на сервисот. Kinto One вклучува претплата во текот на три години по 420 до 900 долари месечно, а можете да избирате од неколку модели автомобили: Prius, Corollа Sport, Alphard, Vellfire и Crown. Поскапиот сервис Kinto Selectовозможува три години уживање во Lexus по цена од околу 1.600 долари месечно.
Возачите ќе добиваат бодови во зависност од начинот на кој возат, а иако не е познато како ќе ги наградува Toyota, медиумите споменуваат опција за намалување на месечната претплата. Од Toyota не објавија на кој начин ќе го следат возењето, па можеме да очекуваме посебен систем имплементиран во возилата кој ќе го следи возењето и ќе ги собира бодовите.
Поскпаиот сервис ќе биде достапен од крајот на оваа недела, додека Kinto One ќе биде достапен од март, но засега само во Јапонија.