Tesla ќе овозможи „лудо возење“ со електричните камиони Tesla Semi

- Advertisement -

Милијардерот Илон Маск на својот Twitter профил најави дека компанијата работи на посебен начин на возење на нивните електрични камиони Tesla Semi наречен Mad Max. Шефот на Tesla во твитот објави фотографија на која се гледаат различни опции на нивниот автопилот, вклучувајќи ја и опцијата Mad Max.

Коментарот на Маскс следуваше по објавата на друг корисник на социјалната мрежа, кој на шега објави фотографија од акциониот филм од 2015 година Mad Max: Fury Road, каде што е фотошопиран електричен камион Semi паралелно со другите возила од филмот.

- Advertisement -

Опцијата Mad Max, која е вклучена во автопилотот, ќе им овозможи на камионите Semi полесно и поагресивно да менуваат ленти, пишува DailyMail. Тоа значи дека ќе биде потребен помал простор меѓу Semi и другите автомобили пред него за да може да се префрла меѓу лентите на автопат.

Освен Mad Max, другите опции на камионите се Standard и Autopilot. Маск првично ја сподели фотошопираната фотографија со насловот Tesla Semi Truck во Mad Max. Но, пред некој да претпостави дека станува збор за шега, тој објави друг твит и додаде дека е реално со прикачена фотографија од контролната табла на камионите.

Сподели!
- Advertisement -