Виртуелните пари V-Bucks на мегапопуларната игра Fortnite се користат за перење пари

- Advertisement -

Виртуелните пари V-Bucks, кои се користат во мегапопуларната игра со војување Fortnite за купување оружје, опрема и други предмети ги користи криминалци за да перат пари. Криминалците купуваат V-Bucks од официјалната продавница на Fortnite користејќи украдени информации од кредитни картички. Потоа V-Bucks ги продаваат на онлајн црни пазари по пониска цена за да добијат чисти пари, покажува истражувањето на весникот The Independent и на компанијата за сајбер безбедност Sixgill.

Виртуелните пари по намалена цена може да се најдат на продажба дури и на социјалните мрежи како Instagram и Twitter, но најголем дел од перењето на парите се случува на црни мрежи, односно оној дел од Интернетот до кој може да се дојде само преку посебен софтвер. Таму се случѕуваат најмногу илегални активности, а се чини дека и перењето пати преку Fortnite е на листата со такви активност.

- Advertisement -

Агентите на Sixgill откриле операција за перење пари додека се преправале дека се заинтересирани купувачи кои сакаат да отклучат некои делови од Fortnite за помалку пари. „Криминалците вршат измама со кредитни картички и вадат пари од Fortnite релативно лесно и чисто. Тие ги таргетираат послабите безбедносни мерки имплементирани од Epic Games, па тоа е исто како да покажуваат дека девелоперот на играта не се грижи дали се врши проневера преку Fortnite“ велат од Sixgill.

Од Epic Games одговорија на овој извештај, но не наведоа што ќе преземат за да го решат проблемот. „Epic Games сериозно го сфаќа проблемот затоа што ваквите измами ги стават во опасност нашите играчи и нашиот бизнис. Како и секогаш, ги молиме играчите да си ги заштитат своите сметки со користење повеќекратни автентификација, некористење исти лозинки и несподелување на податоците за сметките со други“ велат од Epic Games.

- Advertisement -

Не е познато колку заработуваат криминалците кои перат пари преку Fortnite, но оваа илегална активност сигурно се исплатува затоа што играта само минатата година генерираше 3 милијарди долари приходи за Epic Games. Перењето пари со V-Bucks немаше да биде возможно доколку играта не беше толку популарна и за жал, се чини дека нема некое решение на повидок.

Сподели!
- Advertisement -