Ако мора да предвидите кој тип ученик од шесто одделение најмногу ќе заработува како возрасна личност, кое дете би било тоа?Можеби децата кои сакаат да учат, срамежливите деца кои на сите им угодуваат или малите спортисти? Всушност, како што покажува 40-годишно истражување објавено во списанието „Developmental Psychology“, децата кои се пркосни и ги кршат правилата би биле најточен избор. Изненадени сте, нели?
Истражувањето на шестоодделенците започнало во 1968 година и ја следело интелигенцијата, карактеристиките, однесувањето и социоекономскиот статус на нивните родители. Потоа истите тие ученици биле набљудувани во наредните 40 години за да се дојде до заклучоци. Не било изненадување тоа што децата кои биле вредни и учеле добиле престижни работни метса, но сепак, не биле тие кои најмногу заработувале.
Најголеми приходи имале немирните деца, односно децата кои ги кршеле правилата и се спротивствавувале на авторитетот од родителите. Според авторите на истражувањето, една од причините зошто шестоодделенците кои биле склони кон кршење на правилата повеќе заработувале како возрасни е тоа што не се плашеле да преговараат за повисока плата или покачување. Како уште една причина се наведува и тоа дека тие деца повеќе ја ценеле конкуренцијата, односно не се грижеле за туѓиот напредок колку за својот.
Најголем дел од децата склони кон кршење правила имаат поголема шанса да станат претприемачи, иноватори и милионери. Значи, ако имате пркосно дете, најдете утега во фактот дека тоа што не ги почитува правилата може да биде негова предност. Немојте да го обесхрабрувате да ги прекршува правилата ако со тоа нема да повреди никого, туку учете го на сочувствување, како да биде љубезно и грижливо, но и дека мора да сноси последици кога однесувањето ќе стане неприфатливо. Исто така, може да стане и ментално силна личност која не се плаши да ги крши правилата ако знае дека со тоа ќе го направи светот подобро место за живот. .