Три клучни состојки на формулата за иновативност

- Advertisement -

Иновирањето е сложен процес, но има 3 најбитни фактори на кои секоја компанија треба да обрне внимание за да донесе вредни иновации на пазарот и да постигне мерливи резултати

Google вели дека има околу 696.000.000 резултати за 0,70 секунди кога се пребарува поимот „иновација“. Универзитети истражуваат иновации, компании иновативноста ја ставаат на прво место, секој зборува за иновирање, но никој не ја споделува својата тајна како да се постигне тоа.Има многу дефиниции за иновативност, но, во суштина, иновативноста е креирање нешто ново или подобрување на нешто што веќе постои со цел да се додаде вредност.

Како што пишува Innovation cloud, Иновирањето е сложен процес, но има 3 најбитни фактори на кои секоја компанија треба да обрне внимание за да донесе вредни иновации на пазарот и да постигне мерливи резултати. Процесот на иновирање е инфраструктура која ја поддржуваат луѓе, добро дизајнирана стратегија за иновирање и алатки за реализација на стратегијата.

- Advertisement -

1. Заедница за иновирање

Без оглед на тоа колку е голема компанијата, луѓето се највредното нешто што го посдува. Секоја организација е составена од луѓе – од менаџментот до обичните вработени. Вработените ги поседуваат потребните вештини, знаење и искуство за да ја вршат својата улога. Тоа знаење и вештините можат да се искористат за да се креираат нови идеи кои ќе заштедат време и пари. Нивното познавање на потребите на корисниците, новите идеи добиени на работното место, подобрувањето на процесот на работа се повеќе од одлична основа за првиот чекор од иновирањето.

- Advertisement -

Секогаш е подобро да се вклучат партнерите, клиентите, доставувачите, акционерите, па дури и универзитетите. Сите тие имаат свои ставови кои ќе ви помогнат да ја видите сликата од друга страна и да добиете нова перспектива. Од друга страна, социјалните медиуми им овозможуваат на организациите да комуницираат со заедницата, но и да собираат идеи, мислења или да бараат знаење. Со вклучување на релевантни луѓе во процесот на иновирање се создава систем кој ќе продуцира нови идеи и ќе ги спроведе до точка на лансирање со помош на алатки, а во согласност со установена стратегија.

2. Стратегија за иновирање

- Advertisement -

Најголемиот проблем кај иновирањето е немањето стратегија за иновирање. Една организација без стратегија за иновирање нема да знае што е приоритетно и да ги избере соодветните елементи во процесот на иновирање. Секоја организација се разликува по работната средина, процесите, производите, целите, приоритетите и индустријата во која работи. Стратегијата не е ништо повеќе од едно ветување за поставување заеднички политики и активности за достигнување специфични бизнис цели.

Стратегијата за иновирање треба да е во согласност со бизнис стратегијата и да ја дефинира улогата на иновациите и насоката на иновирање. Организациите обично најпривн ја дефинираат целосната бизнис стратегија и потоа специфицираат како ќе ја поддржуваат одредени функции како маркетинг, финансии и иновации. Една експлицитна стратегија за иновирање ќе ви помогне да дизајнирате систем во согласност со вашите конкретни потреби. Со таа стратегија луѓето ќе имаат јасна насока за да нудат идеи.

3. Алатки за иновирање

Технолошките решенија како платформите за менаџирање со иновации им овозможуваат на компаниите да управуваат со процесот на иновирање и да интегрираат активности во иновативниот циклус. Кога иновациите се набљудуваат како еден процес од зачнувањето идеја до креирањето на идејата на пазарот, раличните модерни технологии играат значајна улога во иновацискиот потенцијал на компанијата. Една целосна платформа за иновирање теба да содржи:
• Систем за менаџирање со идеи за да се следи протокот на идеи и нивниот развој. Ваквите системи овозможуваат структуриран и дисциплиниран пристап за менаџирање на процесот на создавање идеи и напредна метрика за да се следат резултатите.
• Системите за менаџирање со иновативниот циклус и за менаџирање со проекти или производи. Овие често се користат во подоцнежните фази од циклусот на иновирање за да се менаџира портфолиото со иновации.
• Системи за следење на пазарот за да се следат инвестициите и портфолиото со производи и подобро да се разберат силните ис лабите страни во споредба со конкуренцијата.

Целосните платформи за менаџирање со иновации ги систематизираат и ги структурираат клучните активности од стратегијата за иновирање во текот на целиот процес. Со цел тие континуирано да се користат мора да ги содржат следите карактеристики:
• интуитивен и лесен интерфејс за кој не е потребна обука или треба мала обука на крајните корисници
• интерактивен интерфејс за сите уреди и мобилни апликации достапен од секаде во секое време
• опција за прилагодување на специфичните потреби на бизнисот
• лесна интеграција во постојниот бизнис екосистем

• безбедност и доверливост на податоците, заштита на приватноста и систем за закрепнување по пад или упад.

Сподели!
- Advertisement -