Grouper.mk оваа година направи вистинска “онлајн забава” по повод својот 8ми роденден. Прославата ја започнаа со традиционалната Златна роденденска кампања, во која се вклучија над 16 одбрани познати брендови и хотели со специјални Златни Зделки на попусти до 60%
Дополнително, од пред неколку дена го најавија и стартот на големата роденденска Наградна Игра каде што секој што ќе купува со Mastercard картичка на Grouper.mk, има можност да се натпреварува за карти за финалето и полуфиналето на UEFA Champions League и уште 40 други вредни награди.
Бидејќи ова е игра на среќа, но и натпревар, имате два можни начини како да освоите награда – или преку собирње на поени или преку извлекување. “Grouper низ годините често го користи методот на гемификација за маркетинг цели. Секогаш се трудиме да внесеме момент на игра и среќа кој ќе биде примамлив за корисниците. Ова е наша најголема наградна игра до сега и она по што се разликува од останатите е нејзината транспарентност и можноста секој играч во секое време да има увид на бројот на освоени поени, вкупниот број на учесници во наградната игра, уште колку поени му недостасуваат за да биде поблиску до главните награди, итн.” – велат од Grouper.
Доколку сакате да се натпреварувате за некоја од 5те главни награди – карти за финалето на UEFA Champions League во Мадрид или полуфиналето, потребно е да собирате поени. Во спротивно, купувајте со Mastercard и очекувајте ги неделните извлекувања каде 5 недели по ред секој понедленик ќе се извлекуваат 8 среќни добитници кои ќе имаат можност да добијат некоја од останатите вредни награди, меѓу кои: патувања во Банко и Боровец, вредносни ваучери во AMC, Adma’s Shoes, The Loft и BioCosmos или викенд за двајца во Хотел Тино св.Стефан 4* или Gardenia SPA 4*
Наградната игра трае од 13.02 до 17.03, а доделувањето и извлекувањето на 5те главните награди е закажано на 25 март 2019 год.
Сите дополнителни информации за наградната игра може да ги најдете на страната.
Grouper.mk e препознатлив по своите интерсни кампањи, атрактивни зделки и попусти со кои се наметна како водечка компанија за е-трговија на пазарот и воедно еден од најпопуларните сајтови во Македонија за што го доби и признанието за Најдобар сајт во Македонија за 2018.