Coca-Cola Hellenic Bottling Company денес најави дека за 260 милиони евра ќе го купи спрскиот производител на кекси и слатки Bambi. Оттаму потврдија дека во вториот квартал од годинава да се заклучи купувањето на српски Bambi. Српската компанија е основана во 1967 година, а произведува кекси, вафли и грицки. Во нејзините брендови се Bambi, Plazma, Wellness, Zlatni Pek и Josh.
Bambi минатата година оствари приходи од 80 милиони евра, од кои две третини се во Србија, а остатокот во Западен Балкан, наведуваат од компанијата со седиште во Швајцарија, која полни и продава Coca-Colа во 28 земји. Додаваат и дека српската компанија има голема профитабилност и маржа на добивка пред камата и данок речиси три пати поголема од Coca-Colа.
Акциите на Coca-Cola Hellenic паднаа минатата недела за 2,1% откако предупредија дека очекуваат поголеми трошоци годинава и послаба потрошувачка на неколку пазари.