33 C
Skopje
четврток, јули 2, 2020

TCL подготвува паметен телефон кој ќе може да се носи како часовник

Kabtel desktop

Технологијата за екрани кои се виткаат ќе овозможи нови дизајни на постојните уреди, но и целосно нови категории на уреди како на пример хибриди меѓу смартфон и часовник. Samsung уште на крајот на минатата година прикажа како ќе изгледа нивниот мобилен уред кој ќе се користи како смартфон, но ќе може и да се отвори и да се користи како таблет. По еластичниот Galaxy можеме да очекуваме слични уреди и од други компании.

Втората најголема м обилна компанија во светот, Huawei, исто така развива смартфон со флексибилен екран, а сличен уред наскоро може да претстави Lenovo, па дури и Apple патентираше еластчен смартфон кој за неколку години ќе го видиме за прв пат.

Освен добро познатите имиња на пазарот за мобилни уреди, флексибилни телефони развиваат и некои компании кои не се во фокусот на јавноста. Таква компанија е Royole, која веќе го претстави својот флексибилен смартфон. Но, екраните на допир кои може да се виткаат отвораат можности за низа друди уреди. Таков е хрибридот меѓу телефон и часовник.

Кинеската компанија TCL веќе го покажа својот концепт за таков уред. Патентите кои ги пријави компанијата покажуваат два таблети со екран кој се витка, два телефони чии екрани се виткаат како телефоните на преклоп од минатиот век и смартфон чиј екран може благо да се свитка за да се постави околу раката и да се носи како часовник.

Бидејќи се работи за патент, не е познато дали TCL навистина ќе почне со производство на уредот, но секако е интересно да се види каков е потенцијалот на флексибилните екрани. Од TCL првите уреди со флексибилни керани ги најавија за 2020 година, но не прецизираа за какви уреди станува збор.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •