Станете бизнис ангел – поддржете успешна бизнис идеја

- Advertisement -

CEED Macedonia Business AngelsClub организира еднодневна трибина насловена како „Станете бизнис ангел – поддржете успешна бизнис идеја“, која ќе се одржи на 27-ми февруари 2019 година од 12:00 до 14:30 часот во амфитеатарот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје. Настанот е поддржан од Министерство за економија и од Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP).

На трибината ќе се обратат Јован Маџовски од CEED Global, Арон Браун, бизнис ангел од Швајцарскиот клуб на бизнис ангели, Академик Абдулменаф Беџети, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа, Вељанд Рамадани, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, Сибил Зутер, амбасадор на Швајцарија во Македонија, како министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот без ресор, Зоран Шапуриќ.

- Advertisement -

Самиот збор “ангел“ значи нешто големо, нешто возвишено, а изборот на зборови не е случаен. Бизнис ангелите се токму тоа, сторители на добри дела, помош кога е најмногу потребна, поддршка и мотивација.

- Advertisement -

CEED BusinessAngelsClub (CEED BA Club) е формиран, во ноември 2013 година и е меѓу првите клубови од ваков вид во Македонија. Од јануари 2016 година, CEED BusinessAngelsClub, официјално, е членка на Еврoпската мрежа на бизнис ангели – EBAN (EuropeanBusinessAngelNetwork).

Во клубот на бизнис ангели во Македонија, во моментов има 20 претприемачи кои можат да инвестираат во бизнис идеи или постоечки бизниси доколку забележат потенцијал за раст. Првите идеи пред членовите беа презентирани во април 2014 година. При крајот на оваа година е направена првата инвестиција. Досега се претставени 135 бизнис идеи и се инвестирани 250.000 евра.

- Advertisement -

Настанот е од отворен карактер и сите заинтересирани претприемачи може да се пријават на следниот линк.

 

Сподели!
- Advertisement -