Кои се најздравите држави за живот во светот?

- Advertisement -

Користејќи податоци од Светската здравствена организација, Светската банка и Обединетите нации, Bloomberg состави листа со најздравите нации за живот во светот – Bloomberg Healthiest Country Index 2019, на кој се рангирани 169 економии според фактори кои придонесуваат за целокупно здравје.

Супсахарските земји сочинуваат 27 од 30 најнездрави земји за живот во светот. Маврициус е најздрава земја од супсахарска Африка, заземајќи го 74. место на листата затоа што има најниска стапка на смртност од заразни болести карактеристични за регионот.

- Advertisement -

Две медитерански земји го држат првото и второт место на листата – Шпанија и Италија. Шпанија се наоѓаше на шесто место на листата од 2017 година. Уште четири европски земји се меѓу првите 10 во 2019 година: Исланд на 3. место, Швајцарија на 5. место, Шведска на 6. место и Норвешка на 9. место. Јапонија е најздрава азиска нација и го замени Сингапур на четвртото место, кој падна на осмо место.

Австралија и Израел исто така се меѓу првите 10 на седмо и на десетто место.

- Advertisement -

Индексот се составува врз базана променливи како очекуваното траење на животот и одзема бодови за ризиците како употребата на тутун. Шпанија има најголемо очекувано трање на животот во Европската унија. Според прогнозите, Шпанците до 2040 година ќе имаат најдолг животен век од 86 години, а ќе ги следат Јапонците, Сингапурците и Швајцарците.

Сподели!
- Advertisement -