ВИДЕО: Овие пет градови ја покажуваат моќта на пошумувањето!

- Advertisement -

Јужнокорејската престолнина, Сеул, неодамна засади повеќе од 2.000 мали шумички и градини. Атина, главниот град на соседна Грција, пак, сака да засади повеќе дрвја за да се заштити од поплавување. Дрвјата засадени во урбани средини помагаат за побрзо впивање на водата во почвата и го забавуваат текот на водата во случај на поплава.

Италијанскиот главен град, Милано планира да засади 3 милиони дрвја до 2030 година со цел да го намали загадувањето на воздухот. Само едно дрво може да ја намали количината на штетните честички за дури 24%. Мелбурн, пак, си има зададено амбициозна цел – да ја зголеми површината покриена со шума за 40% со цел да се намали колчеството јаглерод диоксид во воздухот.

- Advertisement -

Американската метропола Њујорк, пак, уште во 2015 година почна да работи на случајот пошумување – истата година градот посади 1 милион дрвја откако едно истражување покажа дека дрвјата придонесуваат за жителите на градот да бидат посреќни и попаметни. Исто така, дрвјата им помагаат да ги забават климатските промени и ги штитат од опасни временски неприлики.

These 5 cities show the power of planting trees

New York City planted one million. 📖 Read more: https://wef.ch/2RyBXHU

Posted by World Economic Forum on Петок, 22 февруари 2019

Сподели!
- Advertisement -