Од 20-22 март четврто издание на FASHION & LIFESTYLE EXPO!

- Advertisement -

Пролетна возбуда. Нови почетоци. Разигрување на духот и целосен пролетен хедонизам… #Градот повторно се буди!

Овој Март, традиционално ќе биде одбележан од единствениот lifestyle настан во нашата околина кој ја слави уметноста, неконвенционалноста и убавината на живеењето – четвртото издание на Fashion & Lifestyle Expo.

Несомнено, фоајето на МОБ ќе биде преплавено со иновација и естетика – од дизајн на автомобили, ексклузивен мебел, накит и аксесоари, моден дизајн, луксузна козметика за дамите и уникатни додатоци за господата па се до егзотична храна и пијалоци. Целата листа на изложувачи можете да ја проследите ТУКА. Korea Auto Trade и Skopsko Smooth ја препознаа вредноста на Fashion & Lifestyle Expo и оваа година се генерални спонзори на настанот.

- Advertisement -

Како и секоја година, тимот на Моментум Инк. внимателно ја креира програмата, како би дале простор на младите креативци да ги доближат своите автентични идеи до публиката. Оваа година, главна тема која ќе се проткајува низ настанот е #Градот Скопје – единствениот град во Македонија кој им припаѓа на сите. Скопје во неговото минато, сегашност и иднина. Идејата е да ги прославиме убавите работи на нашиот главен град, да дадеме акцент на проблемите со кои се сочуваме, да направиме илустрација и да прераскажеме што е она што секој пат ни буди чувства и спомени – да дадеме акцент на искрата на нашиот главен град кој неуморно се бори со сето сивило.

Ќе го доживееме Скопје низ призмата на музиката, фотографијата и литературата – Сето ова на 5 различни сцени, 5 целосно нови светови со над 40 учесници во програма која го вади најдоброто од дизајнот, уметноста и убавината. Покрај нив, и галеријата на МОБ ќе биде оплеменета со уметнички дела од дури 7 учесници. Наскоро ќе биде објавена целосната програма на F&L Expo, па следете ја официјалната Facebook фан страна, и задолжително следете го официјалниот настан тука!

- Advertisement -

За доживувањето да биде целосно, во вечерните часови МОБ ќе се претвори во вистински подиум: не очекува забава со пријатните звуци на локалните музичари и DJ-и!

Не пропуштајте да го посетите најдоброто досега издание на Fashion & Lifestyle Expo и целосно да ги разбудите своите креативни мисли!

Сподели!
- Advertisement -