Пријави го својот тим на Глобалниот малдински предизвик – Генерација без граници!

- Advertisement -

Третиот по ред младински предизвик: Генерација без граници (Generation Unlimited), ќе се одржи во 40 земји во светот, а вие можете да бидете дел од оваа глобална иницијатива.

УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат сите млади иноватори од 16 до 24 години да достават идеи за дигитални решенија за справување со климатските промени под слоганот „Технологија за планетата“.

- Advertisement -

Средношколци, студенти и заинтересирани млади луѓе, пријавете го својот тим, од 3 до 5 учесници и бидете креатори на својата иднина. Идеите ќе се развиваат со менторство на професионалци, преку design thinking работилници. Петте најдобри идеи ќе добијат почетни финансиски средства и дополнителна менторска поддршка за да ги развиjат своите идеи, а две од нив ќе се натпреваруваат на глобалниот предизвик, со  шанса да добијат дополнителни средства до 20.000 американски долари, како и поддршка од Генерација без граници за проширување на решението.

Имате шанса да добиете глобално признание и поддршка во справување со еден од најголемите предизвици за човештвото – климатските промени. Досега два наши тима беа меѓу глобалните победници: во 2020 година тимот eBionics, а во 2019 година, тимот АндроМета.

- Advertisement -

Овогодинешниот младински предизвик на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија се спроведува во соработка со Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21.

Повеќе информации за предизвикот и апликацијата на линкот: https://bit.ly/3KQUDxr и линк до Facebook настан: https://bit.ly/3FBWd5w

Сподели!
- Advertisement -