LG го претстави првиот бесконтактен смартфон во светот

- Advertisement -

Овој телефон можете да го контролирате со гестви со рацете без да мора да го допирате. Моделот G8 Thinq на јужнокорејската компанија LG нуди нов начин на интеракција со паметните електронски уреди во секојдневието.

3D сензорот вграден во предниот дел од телефонот ја препознава уникатната шема на вените на вашите дланки на растојание од 15 до 20 см и ви овозможува да го отклучите и да го контролирате телефонот со едноставни гестови.

- Advertisement -

Телефонот има и нова предна 3D Z камера која ја контролира длабочината на фотографиите за уште поголем квалитет. Освен тоа, целиот екран, всушност, е звучник кој ви дава неверојатно чист и моќен звук.

LG debuts touchless smartphone

This phone unlocks by scanning your veins

Posted by Yahoo Now on Понеделник, 25 февруари 2019

Сподели!
- Advertisement -