12 C
Skopje
четврток, мај 28, 2020

Nubia Alpha – паметен часовник кој може да се користи како смартфон

Kabtel desktop

Зa неколку месеци отсега на пазарот ќе можеме да го најдеме овој интересен уред, кој ќе може да се користи како телефон, а потоа да се стави на зглобот на раката и да се носи како часовник. Пазарот за мобилни телефони изминатата недела го обележаа телефони со екрани кои се преклопуваат. Иако за најголем дел од луѓето се прескпаи, Samsung и Huawei со моделите Fold и Mate X ни покажаа во кој правец оди пазарот и дека еластичните екрани не се само концепт, туку уреди кои наскоро ќе може да се купат.

Наместо хибрид меѓу телефон и таблет, кинеската компанија Nubia се одлучи за развој на интересен уред кој примарно е голем часовник, иако благодарение на еластичниот екран може да се исправи и да се користи како паметен телефон. Но, со оглед на тоа какви се димензиите, тешко е да се замисли дека моделот Alpha некој ќе го користи како мобилен телефон.

Во пресрет на Светскиот мобилен конгрес по Интернет кружеа фотографии од сличен концепт на TCL, односно хибрид меѓу телефон и паметен часовник, но Nubia својот уред официјално го претстави и наскоро ќе се најде на пазарот. Аlphа е уред со кон Nubiа сака да покаже што се може да се направи со достапната технологија, а не да привлече многу купувачи.

Уредот има екран со дијагонала од 4 инчи со размер 36:9 и јасно е дека со вакви димензии Alpha тешко може да се користи како класичен телефон затоа што екранот е претесен. Како паметен часовник е интересен, но во однос на конкуренцијата екранот е преголем и прилично тежок на рака. Она што го олеснува неговото користење е опцијата некои функции да се активираат со поминување на раката над екранот. Има и камера од 5 MP за фотографирање и снимање. Има и 1 GB RAM и 8 GB меморија за складирање податоци, како и батерија од 500 mAh.

Во продажба веројатно ќе се најде верзијата која има поддршка само за WiFi и Bluetooth и верзијата со  eSIM картичка, која ќе може да се користи како класичен паметен телефон. Моделот без картичка веројатно ќе се појави во април по цена од 450 евра, а моделот со eSIM картичка ќе се појави во Кина во април, а во текот на третиот квартал и во Европа по цена од 550 евра, односно 650 евра за златната верзија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •