Лондонски пациент можеби е вториот човек во светот кој ќе се излекува од СИДА

- Advertisement -

Втора личност во светот се наоѓа во фаза на излекување на ХИВ-1. Некои научници веруваат дека овој лондонски пациент се излекувал од оваа вирусна инфекција, од која се заболени речиси 37 милиони луѓе во светот.

Овој нов случај доаѓа десет години по претходниот, прв случај на излекување, познат како Берлински пациент. И двајцата пациенти биле третирани со трансплантација на клетки од донатори кои имаат ретка генетска мутација позната како CCR5-delta 32, поради која се отпорни на вирусот ХИВ.

- Advertisement -

Лондонскиот пациент веќе 18 месеци не прима лекови за третирање на ХИВ вирусот. „Тоа што кај уште еден пациент со сличен пристап се постигнаа исти резултати покажува дека Берлинскиот пациент не е аномалија и дека навистина применетиот третман ги дал резултатите кај двајцата заболени од ХИВ“ вели Равиндра Гупта, главен автор на студијата и професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон на Катедрата за инфекции и имунитет.

Гупта додава дека методот кој го користеле не е соодветен за сите пациенти, но дава надеж за смислување нови стратегии за третмани, вклучувајќи и генетски терапии. Тој и неговите колеги ќе продолжат да ја следат здравствената состојба на пациентот и уште е рано за да можат со сигурност да кажат дека се излекувал од ХИВ.

- Advertisement -

На пациентот на Гупта му била дијагностицирана болеста во 2003 година, а почнал со антиретровирална терапија во 2012 година. Подоцна му било дијагностицирана Хоџкинсов лимфом во напредна фаза. После хемотерапијата му биле пресадени клетки во 2016 година и продолжил да ја прима антиретровиралната терапија.

Речиси еден милион луѓе годишно умираат од компликации настанати од ХИВ. Третманот за ХИВ вклучува лекови кои го стопираат напредокот на вирусот познати како антиретровирална терапија, која луѓето најчесто треба да ја користат до крајот на својот живот.

Сподели!
- Advertisement -