Семос Едукација стана официјален тренинг партнер на Amazon Web Services (AWS). По тој повод денес се одржа промоција под име “AWS Skills Day”, која е организирана од страна на Семос Едукација со директна поддршка на AWS. Целта на настанот е да ги информира членовите на ИТ и бизнис заедницата околу најновите AWS технологии и вештини потребни за развој на успешен бизнис, базиран на AWS решенија.
На денешната промоција на официјалната соработка, присуствуваа голем број на претставници од владата, како и претставници од бизнис секторот. Организаторите исто така претставија неколку од најистакнатите претставници на AWS заедницата од Северна Македонија и од странство, кои со учесниците на настанот споделија искуство во користењето на AWS во развој на деловни решенија, услуги и апликации.
Настанот беше можност за ИТ професионалците да стекнат и да ги унапредат своите знаењата за AWS технологиите преку кои можат да ја зголемат конкурентноста на домашните компании на светскиот пазар.
“Горда сум што Семос Едукација успеа да биде препознаена од страна на успешна светска компанија како Amazon Web Services. Огромна чест е што ја ставаме Северна Македонија на мапата на лимитираниот број земји во Европа кои имаат AWS тренинг партер. Преку официјалните AWS обуки ќе овозможиме квалификација на cloud инженери за кои постои огромен недостиг на пазарот на труд. Инвестиравме во професионален кадар кој ќе спроведува обуки кои се релевантни за ИТ заедницата.” – изјави Валентина Тасева, сопственик на Семос Едукација.
Според министерот за информатичко општество и администрациј, Дамјан Манчевски, со оваа соработка ќе се успее да се произведат добро обучени и квалитетни кадри.
“Секој поединечен успех, на секоја компанија во Република Северна Македонија, особено ако станува збор за ИТ компанија, мене лично многу ме радува. Ме радува затоа што оваа нова, четвртта револуција или дигитална трансформација, ќе не прегази ако на време не го фатиме нејзиниот тек. Целта на дигитализацијата не е само Европската унија, туку пред се за нашите граѓани. Нашите граѓани и деца заслужуваат исти услови и технологии како и тие во ЕУ. А ние сме должни да им ги обезбедиме овде. Дигиталната трансформација е приоритет на секого, се додека го поедноставува и олеснува нашиот живот. Свесен сум дека граѓаните очекуваат Владата да им помогне во процесот на обезбедување побрзи, поефективни и ефикасни услуги за граѓаните. За да се максимизираат ваквите придобивки, дигитализацијата мора да биде хоризонтална, да поминува и да ги опфаќа сите сектори. Mоторот на дигиталната трансформација не е ниту Владата, ниту институциите. Тоа се ИКТ компаниите” – изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, изјави дека заложба на владата е да ги поттикне младите да се доедуцираат и преквалификуваат.
“Нашите заложби се да ги поттикнеме младите, но и лицата кои се работоспособни да се доедуцираат и преквалификуваат за работните места за коишто недостига кадар во моментот во државата. Во таа насока, во Оперативниот план за вработување за 2019 година имаме предвидено обуки за ИТ и дигитални вештини, кои од една страна се често барани професии, а од друга страна за нив има голем интерес, особено кај младите. Годинава во Оперативниот план имаме издвоена рекордна сума пари токму за обуки за напредните ИТ вештини. Со сумата која е неколкукратно повисока од претходните години и изнесува над 43 милиони денари или околу 700 илјади евра ќе бидат опфатени 1.323 невработени лица“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Според она што беше презентирано денеска, на македонските компании и компаниите во регионот им е потребно да ги трансформираат своите бизниси преку користење на Cloud технологија која е во подем.
Amazon Web Services е водечки Cloud Service провајдер со 62% удел на светскиот пазар. AWS е cloud service платформа која нуди складирање на податоци, хостинг и скалбилност на апликации, несерверска инфраструктура и други функционалности кои им помагаат на бизнисите да растат и да се развиваат без големи вложувања во инфраструктурата. Во моментов милиони корисници ги користат AWS cloud продуктите и решенијата кои им овозможуваат миграција на својата инфраструктура, креирање на софистицирани апликации со зголемена флексибилност, скалабилност и високо безбедна околина. За прв пат како тренинг провајдер директно се појавува на македонскиот пазар и во регионот преку соработката со Семос Едукација. За повеќе информации за AWS обуките можете да прочитате на следниот линк