EBRD презентира калкулатор за заштеда на енергија и пари во Македонија по повод Светскиот ден на енергетската ефикасност

- Advertisement -

Денес низ целиот свет се одбележува светскиот ден на енергетската ефикасност. Климатските промени и загадувањето на воздухот влијаат секојдневно врз нашето здравје и живот. Во согласност со меѓународните напори за борба против климатските промени и посебните надлежности на ЕБРД во областа на одржливата енергија, ЕБРД, како приоритет, го поддржува подобрувањето на енергетската ефикасност и заштеди на енергија во земјите од Западен Балкан.

Мерките за енергетска ефикасност имаат за цел да ја намалат потрошувачката на електрична и топлинска енергија во домаќинствата и да ги зголемат удобноста и квалитетот на живот на луѓето. Секој граѓанин може да троши енергија на ефикасен начин со што и ќе заштеди пари и ќе допринесе кон намалување на загадувањето на воздухот.  Со користење на енергетски ефикасни технологии во домовите, како што се прозорите и вратите со висока енергетска ефикасност, материјалите за термичка изолација и системите за греење и ладење, семејствата можат значително да ги намалат годишните трошоци за енергија, да ги одржуваат куќите или становите топли во текот на зимата и да имаат комфор за време на најстудените денови, но и да имаат ладење во текот на летото.

- Advertisement -

 

Енергетска ефикасност во Македонија

- Advertisement -

Енергетскиот интензитет во Македонија е околу 3 пати поголем од просекот од земјите-членки во Европската унија, додека троши околу 2,5 пати помалку финална потрошувачка на енергија по глава на жител во однос на просекот во Европската унија.  Тоа значи неефикасно трошиме енергија, а сме енергетски сиромашни. Според статистичките податоци, нешто повеќе од 50% од куќите и колективните станбени згради во Македонија се изградени пред 1980 година.  Најголем дел од станбените објекти во земјата немаат термичка изолација, додека во последните години има тренд на замена на стари прозори и врати со нови енергетски ефикасни.  Во енергетскиот биланс на Македонија, секторот за домување зафаќа околу 40% од потрошувачката на електрична енергија. Затоа, потребно е да се имплементираат мерки за енергетска ефикасност во секторот за домување, бидејќи токму во овој сектор постои голем потенцијал за заштеда на енергија и пари.

На пример, со спроведување на три енергетски ефикасни мерки – инсталирање на воздушна топлинска пумпа за греење и ладење, нови прозори и врати и термичка изолација на надворешни ѕидови во двоспратна куќа со вкупно 140 m2 можно е да се намали потрошувачката на енергија до 62% и да се заштеди до 1.727 евра годишно.

- Advertisement -

ЕБРД GEFF Програмата разви (link: онлајн калкулатор за заштеда на енергија и заштеда на пари за да им помогне на граѓаните во Македонија да дознаат колку енергија и пари можат да заштедат со примена на високо енергетски ефикасни и достапни технологии. Сопствениците на станови и куќи сега можат сами да пресметаат заштеда и да дознаат која технологија помага да се зголеми енергетската ефикасност во нивниот дом и да се намали загадувањето на воздухот.

 

EBRD Програмата за Финансирање на Зелената Економија (GEFF)

EBRD Програмата за Финансирање на Зелената Економија (GEFF) обезбедува средства за инвестиции во зелената економија во секторот за домување, како и за компании кои нудат енергетски ефикасни технологии и технологии за користење на обновлива енергија за домаќинствата преку локални банки – партнери во Програмата. За да се добие цела листа на производи кои ги исполнуваат условите за финансирање на дофат за сите граѓани во Македонија,  ЕБРД  го креираше Селекторот на Технологија, којшто преставува онлајн каталог на најквалитетни зелени технологии кои ја подобруваат енергетската ефикасност во становите и куќите.

Програмата ЕБРД GEFF е овозможена со поддршка на Европската унија (ЕУ), австриското Министерство за финансии (БМФ) и Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), а во соработка со Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕCS).

Сподели!
- Advertisement -