Компанијата ќе почне со градба на фабриката во првата половина на 2019 година, а произведството на пластични системи за фармацевтската индустрија и секторот за медицинска технологија, треба да стратува во средината на наредната година.
„Ќе градиме нова фабрика во Скопје како дел од нашата стратегија за проширување во Европа. Северна Македонија е идеална локација за проширување на нашето производство. Земјата нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властите“, вели Дитмар Сиемсен, извршен директор на „Гересхајмер“ АГ.
Германската компанија „Герешајмер“ АГ ќе гради фабрика за медицинска пластика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје во која ќе се вработат 400 лица од кои речиси 100 инженери. Изградбата на фабриката ќе се реализира во пет фази и по завршетокот ќе биде најголема директна странска инвестиција во земјава.
Градбата ќе почне во првата половина на 2019 година, а според најавите кон средината на 2020 година треба да почне производството на пластични системи за фармацевтската индустрија и секторот за медицинска технологија.
-Ова е втора инвестиција која доаѓа по потпишувањето на Протоколот за НАТО. Тоа значи дека инвеститорите ја препознаваат земјава како стабилна и сигурна дестинација за своите вложувања. Работевме напорно за да креираме позитивен економски амбиент, а посветено работиме на привлекувањето нови реномирани странски инвеститори и на одржување добри контакти со постојните, како и на поттикнување на домашните компании да ги прошируваат своите капацитети и да инвестираат во нови. Ре3зултат на нашата работа се нови 18 директни странски инвестиции од почетокот на мандатот, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата.
фабриките на „Герешајмер“ се високотехнолошки со мехатронички системи за производство на апликатори за инсулин, инхалатори за астма и апарати а мерење на шеќер во крвта.
Во видео обраќање извршниот директор на „Герешајмер“ Дитмар Зиемсен рече дека нивната инвестиција во фабриката во Скопје ќе биде со двоцифрена бројка на милиони евра.
„Ќе градиме нова фабрика во Скопје како дел од нашата стратегија за проширување во Европа. Северна Македонија е идеална локација за проширување на нашето производство. Земјата нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властите“, рече Зиемсен.