Tesla конечно ќе го претстави Model Y за кој се шпекулира одамна

- Advertisement -

По многуте гласини и долгото чекање, Tesla конечно ќе го открие својот Model Y. Илон Маск во неделата објави дека компанијата ќе го претстави својот теренец во LA Design Studiou во Калифорнија. Ова ќе биде петтиот модел на компанијата.

Извршниот директор на Teslа изјави дека Model Y ќе биде за 10% поголем од Model 3, цената ќе му биде околу 10% повисока и ќе има нешто помал досег. Исто така, 75% од градбата и дизајнот на Model 3 ќе биде слична со Model Y, а теренецеот ќе се произведува во Гигафабриката бр. 1 во Невада, САД.

- Advertisement -

Исто така, теренецот ќе има обични врати наместо оние што се отвораат вертикално како што има Model X. Повеќе детали за цената и карактеристиките ќе бидат дополнително објавени. По минатонеделената објава на Model 3 по цена од 35.000 долари, која Маск со години ја ветува, почнува претставувањето на Modela Y.

Маск додаде и дека Tesla годинава ќе го претстави и својот камион со полуприколка, чиј прoтотип беше претставен минатата година во текот на тестирањето во Солт Лејк Сити. Иако се ближи претставувањето на Model Y, она што навистина го интересира Маск е камионот. „Најмногу ме интересира производството на камионот Tesla. Можеби за многумина тој е премногу футуристички, но јас му се радувам“ рече Маск.

Сподели!
- Advertisement -