Град Скопје го објави повикот за субвенции за велосипеди

- Advertisement -

Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје да користат велосипеди, распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед. Со овој јавен повик, Градот Скопје на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето заклучно со 30.06.2019 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување велосипед.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед

- Advertisement -

Барателот треба да е жител на Град Скопје (во општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари); досега да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од Град Скопје и велосипедот да го купи од денот на објавување до денот на завршување на jавниот повик (до 30.06.2019);

Целиот јавен повик граѓаните можат да ги видат на следниот ЛИНК.

- Advertisement -

Субвенционирањето на граѓаните за набавка на велосипеди е една од мерките на Градот Скопје за промоција на велосипедот како рекреативно и превозно средство, чие користење има многу придобивки: истото е финансиски достапно, економски исплатливо и еколошко превозно средство, придонесува за намалување на сообраќајниот метеж, како и за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух.

Сподели!
- Advertisement -