Siemens минатата година пријавил најмногу патенти во Европа

- Advertisement -

Германската компанија Siemens соопшти дека минатата година пријавила најмногу патенти во Европа и така го зазела првото место на ранг-листата со пријави на Европската канцеларија за патенти. Siemens со 2.493 патенти го потисна минатогодишниот лидер, Huawei, на второ место, по што следуваат Samsung и LG.

Во 2017 година Siemens го зазеде второто место по бројот на пријавени патенти, а последен пат беше на прво место во Европа во 2011 година. Повеќе од 25% од патентите на Siemens се пријавени на полето Индустрија 4.0 и дигитализација, каде што компанијата поднесе значително повеќе пријави за права на интелектуална сопственост отколку претходната година, а има и повеќе пријави на полето на вештачката интелигенција и сајбер безбедноста.

- Advertisement -

Како што соопштија, Siemens поседува повеќе од 65.000 патенти. Вработените во компанјата поднеле околу 3.900 пријави и 7.300 иницијални извештаи за изуми ширум светот во фискалната 2018 година. „Врз основа на 220 работни дена годишно, тоа е околу 33 изуми дневно. Siemens има околу 43.000 вработени, кои се занимаваат со истражување и развој во 44 земји, вклучувајќи и околу 14.100 во Германија”, се наведува во соопштението.

Сподели!
- Advertisement -