Револуционерни соларни панели се 23% поефикасни

- Advertisement -

Соларни ќелии направени од перовскајт, односно тенки слоеви од материјали кои се или печатени или прелеани со течно мастило или со користење на вакуум, имаат многу потенцијални предности во однос на обичните. Полесни се и може да се направат од флексибилни супститути за пластика.

Во студија објавена во весникот Solar RRL истражувачи откриле дека солите на гванидиниум можат да ги подобрат перформансите на перовскајт. Тоа е многу битно затоа што соларните ќелии направени од перовскајт имаат ограничен животен век и оперативност.

- Advertisement -

Досега се направени многу истражуваза за краткотрајноста на перовскајт, но оваа студија оди чекор поблиску во тој правец. Солите на гванадиниум успешно ги засилиле перформансите на перовскајт затоа што инивните јони можат да пенеттрираат во материјалот и да се локализираат на границите на зрнцата.

Истражувачите користеле гванадиниум бромид и октиламониум бромид како катјони. Тие супстанции се подобри од другите во поглед на густината, претворањето на енергијата и термалната стабилност.

- Advertisement -

Како резултат ефикасноста на ќелиите се зголемила од 21,37% до 23,13%, што значително ја подобрува стабилноста на ќелиите кога не се користат. Освен тоа, истражувачите велат дека ќелиите кои ги тестирале адржале околу 97% од првичната ефикасност после 60 часа изложеност на сонце.

„Дизајниравме ќелии кои може да се користат за домашна примена или за поголеми површини. Технологијата за перовскајт соларните ќелии може да се комбинира со постојната технологија за силиконски соларни ќелии и да се зголеми нивната ефикасност за до 30%“ велат истражувачите.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -