20.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Римац го претстави Greyp G6 – првиот паметен електричен велосипед кој комуницира со велосипедистот!

Kabtel desktop

Greyp G6, првиот паметен електричен велосипед од овој тип во светот, кој е дело на младиот хрватски иноватор Мате Римац, беше официјално претставен во домот на Хрватската академија на ликовни уметници во Загреб. Според Римац, G6 може да направи пресврт во велосипедската индустрија затоа што освен штo има погон на електричен мотор кој велосипедистот го помага со вртење на педалите, има и вграден систем поврзан на Интернет. Преку тој систем G6 собира податоци во тек на возењето, внимава и го чува велосипедистот, па дури и комуницира со него преку мобилна апликација.

Greyp уште вендаш почна да се продава на Интернет. Во моментот има готови 70 примероци по цена која се движи од 6.500 до 7.500 евра. Римац очекува најголем пласман на германскиот, австрискиот и швајцарскиот пазар.

„За разлика од традиционалните велосипедски компании, ние велосипедот го развивавме околу погонот и вградивме многу сензори и напредни опции за конектирање. Технологијата која ја претставуваме денес е побитна од самиот велосипед“ нагласи младиот претприемач при претставувањето на велосипедот.

Неговата компанија Greyp Bikes работела четири години на развојот на моделот G6. G6 е плод на соработката на Greyp и Хрватски Телеком. Хрватски Телеком ја разви eSIM, технологијата базирана на IoT, која овозможува велосипедот на Римац да следи повеќе од 50 телеметриски податоци при возењето.

Меѓу другото, ја мери силата на велосипедистот, G-силата, барометарскиот притисок, а врз база на тие податоци учествува во носењето одлуки. Следејќи го срцето на велосипедистот ја прилагодува снагата на електричниот мотор кој помага при вртењето на педалите или следејќи ја рутата испраќа повик за помош ако детектира дека велосипедистот е во опасност.

Бидејќи велосипедот постојано е поврзан на Интернет, корисникот може да испраќа наредби дури и кога не се на иста локација. На пример, во реално време може да му издаде наредба „Изгаси се“ ако се сомнева дека некој сака да го украде, да направи фотографија преку вградените камери и да ја објави на социјалните мрежи или да му испрати порака.

Покрај сета електроника и софтверот, G6 е и вистински офроуд велосипед и не заостанува зад претходниот модел од 2015 година. Има батерија од 700 вати, а моторот од MPF Drive е специјално прилагоден за Greyp. Новиот Greyp доаѓа во три верзии: G6, G6.1 и G6.2. Максималната брзина на G6 изнесува 25 км/ч, а досегот со едно полнење на батеријата е од 70 до 80 км. Рамката е направена од композите зајакнат со карбонски влакна.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •