Корисниците на Gmail наскоро ќе имаат опција за одложено испраќање на мејлови

- Advertisement -

Корисниците на Gmail одамна чекаат на опцијата правење распоред на праќањето на пораките. Тоа на многумина би им ја олеснило работата, а се чини дека наскоро ќе можат да уживаат во оваа опција. Најновата надградба на Gmail за Android уредите ќе вклучува и опција за закажување на имејлови. Така, на пример, ќе можете да го одложите испраќањето на мејлот за десет минути или за десет дена.

Покрај оваа опција, корисниците ќе можат и да откажат планирано испраќање на имејл. Закажаните и планирани мејлови ќе бидат испратени и ако бидете офлајн или ако ви се испразни батеријата на телефон.

- Advertisement -

Како што пишуваат странските медиуми, постои можност Gmail да ја стартува новата опција за својот 15-ти роденден.

Сподели!
- Advertisement -