Co новиот суперполнач може да се поминат 1.600 км со еден час полнење

- Advertisement -

Бидејќи автомобилите со тек на време ќе стануваат помоќни отколку што се сега, битно е да се усовршуваат и полначите за електрични автомобили. Tesla тука го заврши својот дел од работата и пред неколку дена го претстави нивниот најнов суперполнач V3 Supercharging од 250 kW, кој користи нов кабел со течно ладење и може за еден час да наполни автомобил кој со тоа полнење ќе може да помине 1.600 км.

Со други зборови, од Teslа наведуваат дека тоа ќе придонесе за досег од 120 км/ч за само пет минути. Засега полначот ќе биде достапен само за Model 3, но Илон Маск ветува дека и моделите Ѕ и X ќе добијат софтверски ажурирања за да можат да го користат овој полнач.

- Advertisement -

Додека технологијата која го овозможи развојот на суперполначот доаѓа од новиот дизајн на кабелот, односно еден мегаватниот кабел за суперполначот, Tesla го ажурира Model 3 и ја оптимизира опцијата за самополнење. Најголем дел од сопствениците на Model 3 имаат проблеми со недоследна брзина на полнење, која зависи од температурата на нивните батерии, но сега во своите автомобили ќе можат да ја прилагодат температурата на батеријата за да се обезбеди оптимален проток на струја.

Сподели!
- Advertisement -