Истражување: Повеќето луѓе се плашат од автономни возила

- Advertisement -

Од агенцијата акцентираат дека ваквиот негативен став кон автономните возила е последица од неколку несреќи со автомобили опремени со автопилот, а кои се случени во последните две години. Како единствена можност за популаризација на овој систем кој радикално го менува поимот на личниот превоз во ААА ја сметаат општата едукација која ќе вклучува и практично тестирање на системот. Со тоа евентуално би се отстранил стравот од новата технологија.

 

- Advertisement -

Исто така, од ААА сметаат дека интеракцијата со системи за асистенција како системите за држење на возна патека сигурно води кон раст на довербата и во автономните возила.

Истражувањето покажало дека возачите кои го искусиле споменатиот систем на асистенција повеќе веруваат во нивната ефективност од ние кои не ги искусиле во пракса.

- Advertisement -

Интересно е тоа што Американците немаат ништо против автономните возила во контролирани услови како во парк или на аеродром, ниту пак им смета доставата на храна со автономно управувано возило.

Сподели!
- Advertisement -