Најнова апликација ви помага да си ја најдете сродната душа со помош на фотографија од вашиот фрижидер

- Advertisement -

Луѓето кои немале среќа да си ја пронајдат сродната душа сега имаат на располагање нова апликација. Со помош на апликацијата Refrigerdating тие можат да разменуваат фотографии од сопствените фрижидери и да пронајдат заеднички работи и да се поврзат со некого барем преку храната. Ако и веруваме на изреката дека патот до нечие срце е преку стомакот, тогаш ова ќе им го олесни животот на многумина.

Апликацијата ја направи Samsung, а авторите објаснуваат дека кујната е едно од најбитните места во домот за односот меѓу двајца партнери, па зошто да не се почне некоја врска токму од кујната. Корисниците треба да ја фотографираат содржината на своите фрижидери, па фотографиите ги разменуваат со други корисници, но Samsung ги предупредува да бидат природни. „Немојте да го средувате фрижидерот пред да фотографирате. Ако сакате апликацијата навистина да функционира, мора да бидете реални“ порачува Samsung.

- Advertisement -

Но, како и кај сите апликации за спојување парови, кандидатите тешко одолеваат на искушението да се прикажат во најдобро светло себеси, односно во овој случај својот фрижидер. На оние кои ќе одлучат да ја прикажат реалната состојба во нивните фрижидери, им советуваат да ја имаат на ум изреката дека спротивностите се привлекуваат. Не само што можеби ќе си го пронајдат идеалниот партнер, туку ќе откријат и ново царство на вкусови.

Сподели!
- Advertisement -