Македонскиот стартап МаМаОргана победи на StartUp Europe Awards!

- Advertisement -

МамаОргана е еден од петте стартапи кои вчера во Романија ги добија наградите за најдобри стартап компании сфокусирани на општествена одговорност. Основачката на оваа компанија, Наталија Бургиева ја прими наградата

 

StartUp Europe Awards, наградите за отворени иновации на иницијативата Startup Europe на Европската комисија и фондацијата Finnova Foundation ги прогласи петте најдобри стартапи во пет категории фокусирани на општествена одговорност. Со церемонијата претседаваше европскиот комесар за дигитална економија и општество, Марија Габриел, заедно со градоначалникот на романскиот град Клуј-Напока, Емил Бок и романскиот министер за комуникации и информатичко општество, Алехандро Петреску.

- Advertisement -

„Стартапите се од суштинско значење за иднината на европската економија, за технолошко лидерство и капацитетот за промовира одржлив развој фокусиран на човештвото. Четири месеци по самитот во Софија повторно сме заедно за уште повеќе да ја засилиме европската мрежа на стартапи, инвеститори и креатори на политики на целиот континент, вклучувајќи го и Западен Балкан. Се радувам што ќе можеме да слушаме инспиративни дискусии и ќе бидам пресреќна ако поттикнеме на реални решенија за многуте предизвици со кои се соочуваат“ изјави Марија Габриел, европската комесарка за дигитална економија и општество.

Церемонијата за доделување на наградите StartUp Europe Awards беше одржана во рамките на самитот Startup Europe 2019, годинава организиран од страна на романското претседателство со Советот на Европската унија.

- Advertisement -

Најдобрите пет стартапи бо Европа беа избрани од конкурнција на 70 апликанти од: Полска, Романија, Естонија, Кипар, Ирска, Грција, Северна Македонија, Италија, Луксембург, Бугарија, Шпанија, Обединето Кралство, Финска, Шведска, Данска, Холандија, Швајцарија,чешка Република, Германија и Белгија.

Петте избрани стартапи се: OKRA Technologies од Обединето Кралство (најдобар општествено одговорен стартап на чие чело е жена); Bolt од Естонија (најдобар општествено одговорен стартап чиј основач има помалку од 30 години); NorthQ од Данска (најдобар општествено одговорен стартап од програмата на Обединетите нации, Sustainable Development Goals); Kidibot од Романија (најдобар општествено одговорен стартап со најдобра социјална инклузија) и Mama Organa од Република Северна Македонија (најдобар општествено одговорен стартап со најдобар раст на работните места).

- Advertisement -

Петте победнички стартапи ги промовираа своите проекти и им пристапуваа на потенцијални инвеститори и клиенти во текот на самитот на посебен дел за изложување. Сите победници на StartUp Europe Awards ќе добиајт поголема видливот во цела Европа благодарение на Алијанската на медиумски партнери на StartUp Europe Awards која е составен од 25 медиумски партнери од неколку земји од Европа (Шпанија, Франција, Белгија, Литванија, Италија, Луксембург, Словенија, Хрватска, Кипар, Ирска, Шведска, Норвешка и Данска).

Стартапите ќе добијат прилика за специјализирана ориентација во Европската унија (во поглед на интернационализација, европски фондови како Инструментот за мали и средни компании од 50.000 до 2,5 милиони евра неповратни субвенции по проект, интернационална комуникација итн.) преку акцелераторот StartUp Europe на фондацијата Finnova, кој ќе им овозможи да ги промовираат проектите и да ги направат позабележителни на глобално ниво.

Акцелераторот StartUp Europe е уникатен акцелератор специјализиран за финансирање на европски можности, кој им помага на претприемачите да го направат бизнисот интернационален преку европски проекти. StartUp Europe Awards на иницијативата Startup Europe на Европската комисија е методологија за отворени иновации која поттикнува соработка меѓу јавниот сектор и бизнисите за промовирање на нивните иновации.

Мама Органа e компанија која од отпад од храна, произведува органски ѓубрива и обезбедува работни места за социјално загрозени лица. Досега со бизнис моделот на Мама Органа има освоено повеќе награди во Македонија и во Европа, а работи и како едукатор за органско производство.

Сподели!
- Advertisement -