Каде живеат најбогатите луѓе во светот и на што ги трошат парите?

- Advertisement -

Околу половина од најбогатата популација во светот и покрај многубројните имоти, има регистрирано постојано престојувалиште во десет светски градови, покажа истражувањето на Knight Frank. Според нивните податоци, најмногу богаташи, чие богатство изнесува најмалку 42 милиони долари, живеат во Лондон. Потоа следуваат Токио и Сингапур, додека Њујорк е единствениот американски град кој влезе во врвот на листата.

Сепак, најголема концентрација на ултрабогати и понатаму има во главните градови на државите. Причината за тоа се поволностите кои ги нудат тие градови како што се шансите за вработување, животните навики и потреби, добро развиениот здравствен и транспортен систем.

- Advertisement -

Колку тие фактори се битни за светската елита покажа Лондон, кој според истражувањето, ги задоволува сите нивни критериуми и моментално во него живеат нешто помалку од 5.000 ултрабогаташи. „Лондон е навистина посебен. Не постои ниту еден друг град во кој е концентриран толкав број богаташи од различни сектори“ истакнаа од Knight Frank’s.

Ианку, во светот живеат речиси 200.000 ултрабогати луѓе, од кои две третини живеат во азиски и европски метрополи, како и во градови од Северна Америка. 

- Advertisement -

Кога станува збор за потрошувачката на нивното богатство, најголем дел од парите го трошат на скапоцени и луксузни работи. Така, на врвот на листата се ретките видови виски и автомобили, додека уметноста, накитот и дијамантите се најдоа на самото дно на листата.

Сподели!
- Advertisement -