Пазарот за облека од втора рака расте побрзо од пазарот за нова облека

- Advertisement -

Компанијата thredUP, која се занимава со продажба на веќе користена облека или облека од втора рака, го објави својот годишен извештај. Извештајот покажува дека пазарот на веќе користена облека цвета. Моментално вреди 24 милијарди долари, а се очекува вредноста во наредните пет години да се искачи на 51 милијарди долари.

Се повеќе купувачи сакаат да купуваат облека од втора рака и стигмата поврзана со облекување нешто што некој веќе го носел. Милениумците и бумерците најмногу купуваат користена облека, но и припадниците на генерацијата Z (18-24 години) брзо го прифаќаат овој тренд. На глобално ниво, 64% од жените сакаат да купуваат користена облека, чевли и аксесоари, што е голем пораст во споредба со 45% во 2016 година.

- Advertisement -

Најбитен факт е тоа дека овој пазар му ги зема приходите на пазарот за брзата мода, индустрија која е многу штетна за животната средина и е неодржлива. Всушност, thredUP тврди дека пазарот за препродажба ќе го „голтне“ пазарот за брза мода доколку продолжи да расте со ова темпо.

Извештајот покажа и дека има промена на перцепцијата за сопствеништво и денес купувачите поинаку гледаат на облеката. Дел од причината зошто денес купувачите се префрлаат на купување облека од втора рака е желбата постојано да ја менуваат облеката. Освен тоа, 40% од купувачите денес кога купуваат нешто размислуваат за колку можат да го продадат. Тие на облеката гледаат како на инвестиција, а не како на потрошна стока.

- Advertisement -

Купувачите денес не сакаат да имаат полни шкафови облека која не ја носат, па наместо тоа поседуваат помалку облека. Од thredUP велат дека 9 од 10 купувачи се надеваат дека до 2020 година ќе почнат да препродаваат облека. Тоа денес се смета за пазар кој има одличен потенцијал за поголеми приходи и поголема одржливост. Денес нема само физички продавници за облека од втора рака, туку колекции користена облека има и онлајн.

Сподели!
- Advertisement -