Кејт Мурден, основач на консултантската куќа PUSH, е новиот Spark.me говорник

- Advertisement -

Организацискиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај и по прв пат се организира во Аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, го најави новиот говорник на Spark.me конференцијата – Кејт Мурден (Cate Murden). Мурден е основач на PUSH, консултантска куќа чија пракса се базира на истражување на човечкото однесување и која со клиентите како Google, Facebook, Twitter, Yahoo, Saatchi & Saatchi, Havas, IMG, HSBC, Sainsbury’s и Vice работи на креирање попродуктивни и поздрави работни средини.

По возбудливата кариера во медиумската индустрија, која траела речиси две децении, Мурден се издигнала до позиција на директор за партнерство во една од најголемите и најуспешните медиумски агенции во Лондон. Меѓутоа, нејзината захтевна кариера си го зела својот данок и поради акумулиран стрес, Мурден била принудена да ја напушти работата. Таа успеала да го преброди тешкиот период, а потоа своето лично искуство го преточила во бизнис и ја основала консултантската куќа PUSH за да им помогне на организациите да им помогнат на своите вработени подобро да го организираат своето време и да излезат на крај со сите предизвици и стресните задачи на работа. Мурден смета дека организациите во коишто работиме можат да бидат и причина и решение за овие проблеми. Затоа, нејзината мисија е да им помогне на вработените, тимовите и организациите да работат подобро – да ја вршат работата со помалку стрес, чувство на преоптовареност, помали непотребни трошоци и на крај, повеќе профит. Користејќи комбинација од квантитативни и квалитативни истражувачки модели, PUSH настојува да го разбере начинот на кој функционираат компаниите и да го уредат системот така што за крајна цел ќе имаат растеретување и позадоволни вработени од една страна и поголема продуктивност и добивка од друга страна.

- Advertisement -

Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на двајца годинашни говорници – тоа се Анаб Џејн (TED говорник, дизајнерка, филмска продуцентка и соосновач на Superflux, светски призната компанија која со иновации од областа на дизајнот и технологијата се обидува да ни го приближи светот на иднината) и Џеремаја Овијанг (соосновач на Kaleido Insights и светски авторитет за развој на програми кои ја поттикнуваат иновативноста кај кропорациите). Во наредниот период ќе бидат објавени имињата на останатите говорници на конференцијата.

Билетите за конференцијата Spark.me 2019 може да се купат на официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me. Цената на билетите изнесува 300 евра, но заинтересираните можат да купат билет по промотивна цена од 200 евра до 14 април. Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење во понуда се и студентски билети, кои се наменети за средношколци и студенти на редовни, последипломски или докторски студии кои се помлади од 27 години, чија цена изнесува само 50 евра. Во цената на билетите е вклучен пристап до сите предавања (25-26 мај), стартап натпревари (25-26 мај), ручек на база шведска маса за двата дена од конферецнијата, освежување за време на сите кафе паузи во текот на двата дена од конференцијата, како и коктел прием на 25 мај. Во цената не се вклучени трошоците за превоз и за сместување. Купените билети може да се пренесат на друго лице (“name change”), но платениот износ не може да се рефундира.

- Advertisement -

Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај, се организира во аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, кој е еден од најголемите аудиториуми во Црна Гора. Ова е прв пат Spark.me да се одржува во Порто Монтенегро, срцето на наутичкиот туризам во Црна Гора и една од најексклузивните марини на јадранското приморје. Организатор на Spark.me e компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годипно. Spark.me им нуди прилика на учесниците за актуелните трендови на полето на маркетингот, технологијата и бизнисот учат од светски познати експерти и да остварат контакт со повеќе од 580 учесници од 28 држави од светот, меѓу кои има и лидери од бизнис светот, од светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење. 

За повеќе информации за Spark.me 2019 посетете го официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme, Twitter профилот www.twitter.com/sparkdotme и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

Сподели!
- Advertisement -