Книгата „Becoming” од Мишел Обама објавена на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

- Advertisement -

втобиографската книга „Becoming“ на Мишел Обама излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Само неколку месеци по објавувањето на мемоарот на некогашната прва дама на САД, сега е достапен во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Книгата може да се нарача и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк.

„Becoming“ урива рекорди во светски рамки, со продадени над 10 милиони копии. Веќе 18 недели е број 1 на листата на „Њујорк тајмс“, со најпродавани книги и е мошне извесно дека ќе стане најпродаван мемоар на сите времиња.
Книгата со сеќавањата на Мишел Обама, која беше промовирана на 13 ноември 2018 година, за кратко време стана бестселер. На првиот ден од издавањето беа продадени повеќе од 725 илијади примероци во САД и Канада, а за само 15 дена стана најпродавана книга во САД за 2018 година.
Книгата е преведена на 30 светски јазици, меѓу кои и на македонски.

- Advertisement -

Мемоарите на г-ѓа Обама се поделени во три дела: „Како настанав јас“, „Како настанавме ние“ и „Како настанавме уште повеќе“, а во нив пишува за своето детство, студентските денови, расизмот, бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, за нивните ќерки и искуството во политиката.

Сè уште има многу нешта што не ги знам за Америка, за животот, за сето она што иднината би можела да го донесе. Но, се познавам себеси. Татко ми Фрејзер ме научи напорно да работам, често да се смеам и да си стојам на зборот. Мајка ми Мириан ми покажа како да размислувам со своја глава и како да го користам ставот што го имам. Тие двајцата заедно, во нашиот збиен стан во чикашкиот Саут Сајд, ми помогнаа да ја согледам вредноста што ја има во нашата приказна, во мојата приказна, во пошироката приказна на нашата земја. Дури и кога таа приказна не е ниту убава ниту совршена. Дури и кога таа приказна е пореална отколку што сакате да биде. Вашата приказна е нешто што го имате, нешто што ќе го имате засекогаш. Таа е нешто што го поседувате” вели педесет и петгодишната Мишел Обама во книгата.

- Advertisement -

Првата Афроамериканка во улога на прва дама на САД ја создаде најпристапната и најинклузивна Бела куќа во американската историја. Стана влијателен застапник на правата на жените во Америка и во светот, драстично менувајќи ги навиките на просечните семејства во насока на водење поздрав и поактивен живот притоа стоејќи покрај својот сопруг во најдраматичните моменти во американската политика.

По завршување на двата претседателски мандата (осум години) на нејзиниот сопруг Барак Обама, таа сѐ уште ужива голема популарност и почит во САД. Показател за тоа е и истражувањеto на „Галуп“, според кое поранешната прва дама на САД е жената на која Американците најмногу ѝ се воодушевуваат. Г-ѓа Обама, оваа позиција, по 17 години, ја презеде од поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, која годинава е на третото место. На втората позиција за најпочитувани жени е ТВ-ѕвездата Опра Винфри.

- Advertisement -

Ова е нејзина втора книга. Во 2012 година има објавено книга за градинарство.

(Literatura.mk)

Сподели!
- Advertisement -