Huawei до јули ќе претстави паметни очила

- Advertisement -

Производителите на смартфони се вовлекоа во сечиј џеб и се чини дека би ги купувале нивните уреди од телефони преку часовници до алки. Компанијата Huawei претстави свои паметни очила кои ќе се појават на пазарот уште годинава.

Челниците на Huawei сфатиле дека очилата се битни за купувачите па не ги направија сами, туку се здружија со корејската компанија Gentle Monster, која се занимава со производство на луксузни очила. Резултатот се очила за кои двете компании се надеваат дека ќе ги освојат срцата на купувачите кои сакаат да ги ноат.

- Advertisement -

Овие паметни очила немаат никакви камери во себе, што значи дека нема грижа за приватноста, а и батеријата ќе трае значително подолго. Наместо тоа, на корисникот ќе му овозможат бесконтактно примање повици, а двата микрофони и звучниците ќе овозможат разговор дури и во бучна средина.

Очилата ќе ги напојуваат батерии од 2.200 mAh, која ќе се полни преку USB-C порт. Ќе бидат отпорни на вода и прашина по стандардот IP67, така што би требало да издржат лоши временски услови. Цената уште не е позната, но се знае дека би требало да се појават во јуни или јули.

Сподели!
- Advertisement -