- Advertisement -
2 Април, е Светски Ден за подигнување на свесноста за аутизмот. Минатата година веќе објавивме интервју со иноваторот Зоран Дерновшек во кое тој зборуваше за некој од своите иновации, за штетниот ефект кој токсините можат да го имаат врз организмот но и за нивната улога кај аутизмот. Кон крајот на минатата година тој го одржа своето второ предавање во Скопје на кое зборуваше повторно на оваа тема и изложи некој успеси. Тој зборуваше и за тоа како алгите би можеле да помогнат со своите својства кај многу инфламаторни процеси во стоматологијата, за нивната можна улога да помогнат кај автоимуните болести преку дополнителната оксигенација на клетката, како и својството да вршат алкализација на организмот. Според него алгите не можат сами да бидат решение за горенаведеното, но можат да помогнат како комплементарен дел од медицинскиот третман на истите.
За повеќе информации ве покануваме да го погледнете линкот од интересното предавање.
- Advertisement -