BBC и Discovery потпишаа договор вреден 351 милион евра

- Advertisement -

Телевизиските сервиси BBC и Discovery го потпишаа најголемиот договор во историјата на британскиот јавен сервис за продажба на програмски содржини, во вредност од 351 милион евра.

Овој договор значи дека емисиите за природа по кои е позната BBC, ќе се емитуваат на новиот Discovery канал.

- Advertisement -

„Тоа е најголемиот договор за програмска содржина што BBC го има потпишано“, рече Лорд Тони Хол, генералниот менаџер на BBC, и додаде дека соработката е потпишана за следните 10 години.

Discovery ќе ги емитува светски познатите емисии за природата на BBC на новата платформа која ќе биде достапна насекаде, освен во Велика Британија, Република Ирска и Кина. Платформата ќе биде оперативна до крајот на 2019 година.

- Advertisement -

BBC и Discovery ќе работат заедно и на снимањето на новите емисии за природата. Тие BBC ќе ги емитува и во Велика Британија.

„Претплатниците во Велика Британија навистина ќе имаат голема корист од ова, бидејќи, без разлика колку пари ќе заработиме од овој аранжман, се разбира, истите ќе ги инвестираме во нови програми кои тие ќе можат да ги гледаат“, рече Лорд Хол.

- Advertisement -

Истовремено, тие ќе можат да ги гледаат и новите програми кои ќе ги работиме заедно со Discovery.

Сподели!
- Advertisement -