Шведска ќе прави 3Д печатена храна за луѓето во старечките домови

- Advertisement -

Шведските власти планираат да почнат да прават 3Д печатена храна за луѓето во старечките домови и да го стимулираат апетитот на најстарата популација со производство на храна која е пасирана и изгледа како вистинската.

Кога ви е тешко да џвакате и да голтате, храната која ја имаме денес не изгледа многу привлечно. Идејата е да се направи нешто поестетско, кое ќе изгледа доволно добро за да се јаде, а истовремено да се рекреира оригиналната форма на храната“ објасни Ричард Асплунд, директор на одделот за кетеринг во Халмстад на западниот брег на Шведска.

- Advertisement -

Заедно со своите партнери Халмстад сака да искористи пире од брокули и пилешко, кое денес се сервира во досадни тркалезни или правоаголни форми и со нив да испечати нешто што навистина ќе личи на брокула или на пилешки копани. „Ќе изгледа како печено пилешко, а ќе има конзистенција на панакота“ додава Асплунд.

Евелина Хеглунд, истражувач координатор на проектот, вели дека старечките домови секојдневно имаат проблеми да ги натераат луѓето кои имаат дислагија или тешкотии при голтањето да јадат доволно. „Тоа е голем проблем за луѓето кои јадат храна со посебно адаптирана конзистенција затоа што не јадат доволно и стануваат неухранети“ вели Хегланд.

- Advertisement -

Околу 8% од возрасната популација во Шведска има проблеми со голтањето или џвакањето на храната.Проектот моментално е во фаза пред истражување, а првите пробни 3Д печатени оброци се очекува да бидат послужени во старечките домови во Халмстад и во Хелсинбург до крајот на годинава. Во проектот се вклучени прехранбените компании Findus и Solina, компаниите за 3Д печатење Cellink и Addema и истражувачи од Универзитетот Кристијанштад.

Првиот предизвик бил да се адаптираат принтерите дизајнирани за индустријата за медицинска технологија да печатат хигиенски и во доволни количини.

Сподели!
- Advertisement -