ЕУ ќе забрани употреба на пластика за еднократна употреба до 2021 година

- Advertisement -

Европската унија почна да ја пспроведува својата иницијатива за забрана на пластиката. Земјите-членки поптишаа план со кој ќе се забрани употребата на пластиката за еднократна употреба ширум ЕУ до 2021 година. Законот таргетира посебни видови пластика и ќе ги принуди компаниите да плаќаат за секое загадување што го предизвикуваат со своите производи.

„Денес направивем битен чекор напред за намалување на отпадот и загадувањето со пластика во океаните и морињата. Европа поставува нови и амбициозни стандарди и го поплочува патот за остатокот од светот“  објасни евопскиот комесар Франс Тимерманс.

- Advertisement -

Според сајтот EcoWatch, со новиот закон ќе се елиминираат 70% од пластиката која ги загадува океаните.Меѓу забранетите видови пластика се прибор за јадење за еднократна употреба, чепкалки за уши, чаши од полистирен и оксоразградлива пластика. Според усвоениот план на ЕУ, компаниите мора да користат најмалку 25% рециклирани материјали при производството на пластични шишиња во текот на наредните шест години.

Што се однесува на казните за загадување, законот ќе бара од компаниите да помагаат во напорите за чистење на нивните произвиди. На пример, компаниите за производство на цигари че мора да плаќаат за собирање на отпушоците кои немарните луѓе ги фрлаат каде што ќе стигнат, додека компаниите кои произведуваат рибарска опрема ќе мора да помогаат да се финансира отстранувањето на пластичните мрежи од океаните.

- Advertisement -

Иницијативата, исто така, ќе ги принуди компаниите за ставаат подетални етикети на производите кои содржат пластика. Попрецизно, ЕУ сака компаниите подобро да ги информираат граѓаните за производите кои содржат пластика, особено ако тоа е пластика која тешко да се препознае. На новите тикети исто така ќе се советуваат граѓаните да ги рециклираат производите доколку е потребно.

Европската комисија првично да најави забраната во пролетта 2018 година. Се очекува забраната да биде комплетирана и да биде испратена до земјите-членки. Доколку сите тие го следат новиот закон, експертите се надеваат дека значително ќе се намали отпадот во океаните, кој во голем процент се состои од пластика. Исто така, се очекува дека со помош на новиот закон ЕУ ќе заштеди 22 милијарди евра до 2030 година. Од ЕУ се надеваат дека оваа забрана ќе биде модел за земјите во светот и дека ќе го следат нивниот пример.

Сподели!
- Advertisement -