Соларни пловечки домови се дизајнирани да издржат и поплави и урагани

- Advertisement -

Многу крајбрежни предели бараат решенија за спас во случај на големо покачување на нивоата на морињата и океаните. Холандскиот архитект Коен Олтиус и компанијата Waterstudio создаваат одржливи, соларни пловечки домови кои може да бидат совршеното решение. Waterstudio и компанијата Arkup од Мајами ги здружија талентите со бразилскиот еколошки бренд Artefacto за да креираат елекгантни пловечки домови кои несамо што се отпорни на бури и повисоки нивоа на водата туку го задржуваат луксузниот стил по кој е познат Мајами.

Waterstudio долго време е позната по одржливите и привлечки пловчеки домови кои на сопствениците им овозможува авангарден живот на вода. Резиденциите се модерни коцкести стуктури кои се целосно независни од електрична мрежа благодарение на соларната енергија, еколошките опции а менаџирање со отпадот, собирањето на дождовната вода и системите за прочистување на таа вода. Освен тоа, домовите се опремени со уникатен систем за подигање, па така можат да издржат силни ветришта, поплави и урагани.

- Advertisement -

Покрај овие одржливи опции, двокатните пловечки домови имаат површина од 72 квадратни метри, во која се сместени дневна соба, спална, кујна, трпезарија, како и отворена тераса на покривот. Вратите се стаклени и лизгачки, па речиси целата предна фасада е провидна.

Сподели!
- Advertisement -