Австрија воведува дигитален данок за големите интернет компании

- Advertisement -

Австрија најави воведување на нов данок за големите Интернет компании како Фејсбук и Гугл откако не помина планот за воведување на дигитален данок на ниво на Европска Унија, соопшти австриската влада. Оваа земја планира од 2020 година да започне да ги оданочува приходите на компаниите остварени од интернет огласување со стапка од 5%. Тој данок ќе го плаќаат дигиталните компании со глобални годишни приходи од најмалку 750 милиони евра, од кои најмалку 25 милиони евра ги остваруваат во Австрија.

„Очекувам да ни се придружат многу земји членки во оданочување на интернет гигантите како чекор понапред кон повисоко ниво на праведност“, изјави минатата недела австрискиот канцелар Себастијан Курц.

- Advertisement -

Новиот предлог-закон треба да биде одобрен од Парламентот. Во моментов овие компаниии плаќаат во просек 0,8% данок.

Француско-германскиот предлог за воведување на европски дигитален данок пропадна на соостанокот на европските министри за финансии во март затоа што Ирска, Шведска и Данска не дадоа поддршка.

- Advertisement -

Освен овој данок, австриската влада планира оданочување на приватното изнајмување кое се нуди на платформи како Airbnb.

(Seebiz.eu)

Сподели!
- Advertisement -